Насловна / Вести / „Нафтогас“ му префрли на „Гаспром“ 1,65 милијарда долари за враќање на стар долг

„Нафтогас“ му префрли на „Гаспром“ 1,65 милијарда долари за враќање на стар долг

naftogaz

Украинската компанија „Нафтогас“ на својот сајт информира дека на руски „Гаспром“ му префрлила 1,65 милијарди долари од својот долг за старите испораки на гас, пренесе ТАСС.
На овој начин, согласно договорот постигнат во Брисел, „Нафтогас“ во две транши исплати 3,1 милијарди долари за добиените 11,5 милијарди кубни метри гас, испорачани од „Гаспром“ во текот на ноември-декември 2013 година и април-јуни 2014 година.
Првото плаќање во износ од 1,45 милијарди долари беше извршено на 4 ноември.
„Гаспром“ и „Нафтогас“ во октомври постигнаа договор за обновување на испораките на руски гас за Украина, под услов „Нафтогас“ да врати 3,1 милијарди долари од својот долг.

Испрати коментар

Scroll To Top