Насловна / Вести / Нафтените гиганти против Бајден: Поднесена е тужба за Мексиканскиот залив

Нафтените гиганти против Бајден: Поднесена е тужба за Мексиканскиот залив

Американскиот институт за нафта (API), компанијата „Шеврон“ и сојузната држава Луизијана, поднеле тужба против сојузната американска администрација на Џозеф Бајден, со која бараат поништување на одлуката за намалување на површините кои ќе бидат понудени во следната аукција за експлоатација на нафта и гас во Мексиканскиот залив. Имено, амерканските власти ја намалиле за 9% површината на областите за експлоатација на нафта и гас во Мексиканскиот залив, со образложение дека сакаат да ги заштитат живеалиштата на ретките видови китови. Површината е намалена од 73,4 на 67 милиони хектари.

baiden1

„Сакаме да ја оспориме оваа неправедна одлука со која дополнително се ограничува пристапот до енергенти во Мексиканскиот залив“, рекол потпретседателот на API, Рајан Мајер. Тој смета дека сојузната влада неправедно ја намалува површината која е предмет на следната аукција, и напоменува дека API заедно со своите партнери ќе ги искористи сите правни средства за да ја оспори оваа одлука пред судот. Оваа тужба е последната во низата спорови на индустријата за нафта и гас и админситрацијата на Бајден. Претседателот на САД ги паузираше конкурсите за нафтени бушотини веднаш откако ја презеде власта во 2021 година.

baiden2

 

Испрати коментар

Scroll To Top