Насловна / Вести / Наесен во Црна Гора стартува голема акција за пошумување: Секој жител добива свое дрво

Наесен во Црна Гора стартува голема акција за пошумување: Секој жител добива свое дрво

Во септември во Црна Гора стартува голема акција за пошумување на опожарените подрачја и областите уништени со неконтролирана сеча на шумите. Акцијата ќе започне од северот кон југот на земјата, и планирано е да трае подолг временски период. Идејата е масовно да с еприклучат првенствено училиштата, а целта на иницијативата е секој жител на државата да добие свое стебло. Организаторите на акцијата апелираат на заедничко делување на сите чинители – еколошки здруженија, владини институции, компании и сл., односно издигнување над политичките и други поделби, со единстена цел успешна реализација на оваа акција. Тие посочуваат дека заштитата на биодизверзитетот е императив, а одговорноста на Црна Гора е дотолку поголема со оглед на фактот дека таа е прогласена за еколошка држава.

crnagora1

Испрати коментар

Scroll To Top