Дрвото го облагородува секој простор, тоа е една од најважните суровини кои ни ги дава природата, со извонредни особини и здраво просторно климатско зрачење. Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен и доколку дрвото правилно се одржува, има многу долг животен век. Се карактеризира со висока густина, одлични јакосни својства, отпорност на влага, лесно се одржува и има голема стабилност, што е причина во последно време се почесто да се користи во различни фази и сегменти во градежништвото. А токму неговата голема естетска вредност е причина да се користи како дел од фасади, за надворешни дрвени подови, дрвени гарнитури во дворот, за ентериери.
Во овој дел сакаме да дадеме осврт токму на дрвените надворешни подови. Сведоци сме дека последниве години, на препорака на градежните инженери и архитектите, со дрво се почесто се уредуваат тераси, патеки околу куќата и во градината, влезни скали. Бидејќи дрвото дава топлина, претставува материјал кој го збогатува просторот, а истовремено има големи функционални вредности. Не држи влага, не се лизга, стабилен е како материјал, и лесно се одржува.
Сепак, доколку се одлучите за дрвени подни облоги, треба да знаете кои видови на дрво се најсоодветни. Тоа и беше повод да поразговараме со инженерите од компанијата „Гео-Инг“ (http://www.geo-ing.com/), кои успеаја своето долгогодишно работно искуство во технолошки развиени германски фабрики да го пренесе и во Македонија.
Благодарение на нив, германската технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, е достапна и на нашиот пазар. Инженерите во „Гео-Инг“ ги знаат карактеристиките на различните видови дрво, и точно знаат кое дрво е соодветно за дрвени подови. Во таа насока, еве ги нивните препораки, со цел да се продолжи животниот век на надворешните дрвени облоги и притоа да се намали трошокот за нивното одржување.
Доста често употребуван вид за надворешни дрвени облоги се од инпрегнирани даски. Ваквиот материјал е релативно евтин, широко достапен и од него може да се направи доволно стабилна подна облога за терасата. Сепак, подот е подложен на свиткување, пукање и цепење, па така треба редовно да се одржува и третира со средства кои штитат од временски влијанија.
Надворешните дрвени подни облоги направени од секвоја и кедар овозможуваат долговечност на подот, но цената е и до три пати поголема од нормалното дрво кое е само инпрегнирано. Слични се цените и за подот направен од тропски дрва.
Композитен под – Облогите со композитни материјали се мешавина на дрвени влакна и пластика, и се неколкупати поевтини од облогите од чисто дрво. Тие се мошне задоволително решение за избор на подна облога – отпорни се на деформации, цепење и создавање на пукнатини, а достапни се во голем број и бои. Сепак, од естетска гледна точка постои голема разлика, дрво си е дрво. Технологијата овозможува употреба на материјали кои се претходно обоени, кај кои гребаниците не се забележливи, материјалот не бледи, одлично е отпорен на влага и дејство на инсекти. Овие материјали лесно и едноставно се чистат со сапун и вода.
Под од тиково дрво – Тикот е совршено дрво за сите надворешни влијанија поради природната отпорност на сите временски услови, па како такво е совршено дрво за изработка на подови за тераси, бањи, мебел во градината, како и други дрвени површини во градината. Токму поради овие карактеристики се користи и за изработка на палубите на чамците. Ова дрво има висока содржина на масло, што го прави отпорно на атмосферски влијанија и што му дава висока еластичност. Маслото го прави и извонредно отпорно на напади од инсекти. Подот од тик е квалитетен и долговечен. Тој е извонредно отпорен на удари на предмети и гребаници, чистењето е лесно, па така се препорачува за семејства со мали деца или куќни миленичиња.
Тикот е исклучително отпорен на вода, па се користи како под во бањите и сауните. Во случај да се истури вода или друга течност, едноставно треба да се пребрише, без страв дека ќе го оштети подот и ќе предизвика надигнување или изобличување. Тикот не треба дополнително да се заштитува од инсекти и штеточини поради неговата природна одбојност кон нив. Квалитетот и издржливоста на тикот со себе носи и повисока цена во однос на повеќето други дрвени подни облоги.