Португалскиот архитект Аирес Матеуш доби задача за модернизација и проширување на постоечки објект за да може удобно да се смести повеќечлено семејствo.
Новоформираниот објект од 475 квадратни метри е изграден врз темелите на стара куќа со комплетно преобликување на внатрешните и надворешните елементи, пишува ArchDaily.
Па така, постоечкиот објект во историското место Алкобаса во Португалија е променет и трансформиран до непрепознатливост во однос на оригиналниот изглед.
На постоечкиот објект е креиран отвор кој е застаклен, со цел да им се обезбеди светлина во просториите подолу.
Анексот на куќата е дизајниран како големa бела коцка, која го опфаќа целиот простор.
Со тоа, оваа необична куќа во бела боја во историското место Алкобаса делува надреално.