Неодамна заврши проектот за изградба на книжарницата „ Zhongshuge “ во кинескиот град Нингбо. Зад овој потфат стои компанијата X Living. Она што ја карактеризира оваа книжарница е играта на светлина, стакло и бои кои се комбинираат за да дадат навидум бесконечни полици со тивки агли за читање и голем број места каде што можете да се засолнете и да уживате во книгата и тишината.
Зафаќа површина од 1.230 квадратни метри на два спрата. Во ентериерот доминираат црната и бојата на орев. Светлината доаѓа од ламби и „суптилни“ светилки поставени во полиците за да се создаде „топол и елегантен“ ентериер. Во просторот има многу стакло, огледало на таванот и рефлектирачки површини за да се направи просторот многу поголем отколку што е всушност.
Присуството на темни тонови е насекаде, освен детската библиотека, која е со светла боја и неправилна форма, со цел да се создаде разиграна средина за младите.
Во него има маса за читање и полици во форма на музички инструменти. Во рамките на книжарницата има и кафуле, културен и креативен дел, како и бројни полици за книги подредени под прав агол што нудат искуство за читање во тишина и гледање книги.
Кафулето е посветло и има повеќе огледала на таванот.