Насловна / Архитектура / Надреална архитектура создадена со помош на вештачка интелигенција

Надреална архитектура создадена со помош на вештачка интелигенција

Со помош на програмата базирана на вештачката интелигенција Midjourney, архитектот и компјутерски дизајнер Manas Bhatia ја замислува надреалната иднина со својот нов проект Symbiotic Architecture. Инспириран од стеблото Hiperion, индискиот дизајнер ја замислува иднината која ја завземаат симбиотски станбени кули кои дишат и растат, изгледајќи како џиновски шупливи стебла на секвоја. Архитектот с епрашува дали обвивката во која живееме може да дише како живите суштества, наместо да живееме во климатизирани бетонски и стаклени кутии кои ги нарекуваме станови? Истражувајќи го односот помеѓу живите суштества, природата и архитектурата, Manas Bhatia го претставува своето концептуално истражување на имагинацијата како низа слики генерирани со помош на вештачката интелигенција и цртежи кои прикажуваат надреални „живи“ станови кои во целост се интегрирани во природата.

bhatia1

bhatia2

 

Во оваа замислена алтернативна иднина, зградите не се направени од бетон или челик, туку с еживи и можат да растат со цел да ги задоволат идните поголеми потреби за домување.  Помагајќи и на својата истражувачка имагинација, Manas Bhatia ја користи програмата Midjourney за со помош на вештачката интелигенција да ја генерира архитектурата на симбиотска природа.  Со користење на одредени клучни зборови, програмата генерира низа слики. Така се добиени низа надреални станбени згради кои ги превземаат формите од природата.

bhatia3

 

Испрати коментар

Scroll To Top