На седмиот ден од штрајкот на чистачите на ѓубре, на улиците на Париз има повеќе од 5.000 тони ѓубре, објави во неделата вечер францускиот весник Монд, повикувајќи се на властите на градската општина.
Комуналните работници штрајкуваат како дел од протестот поради пензиската реформа, бидејќи и за нив старосната граница за пензионирање е поместена од 57 на 59 години.
Иако Парижаните се загрижени за насобраното ѓубре и можната појава на стаорци, велат дека го разбираат незадоволството на чистачите на ѓубре бидејќи работат тешка работа.