Прашани за тоа кои цели сакаат да ги остварат со користењето на вештачката интелигенција во своето работење, при што била понуден избор од повеќе можни одговори, 60% од испитаниците одговориле дека на тој начин ќе се обидат да го ублажат проблемот со недостаток на работници, додека речиси 36% сакаат да го забрзаат истражувањето и развојот. Што се однесува до бариерите за воведување на AI, се наведува „загриженоста кајвработените дека оваа технологија ќе ги замени“. Другите бариери вклучуваат недостаток на потребните знаења, значајни капитални трошоци и дискутабилната доверливост.