Насловна / Арт и дизајн / Над 1,9 милиони нарачки за Tesla Cybertruck – на испораката ќе се чека и до пет години!

Над 1,9 милиони нарачки за Tesla Cybertruck – на испораката ќе се чека и до пет години!

Компанијата Tesla примила над 1,9 милиони нарачки за својот Cybertruck, а со оглед дека плановите за производство се ограничени на 375.000 примероци годишно, новите купувачи технички ќе чекаат околу пет години на испорака.  Но, можно е значаен број резервации да не биде реализиран, бидејќи компанијата Tesla барала депозит од само 100 долари. Cybertruck се произведува во фабриката Giga Texas, но производството би можело да се врши и во Мексико, кога постројката ќе биде во функција за неколку години.

cyber1

Ќе биде интересно да се види дали Cybertruck ќе биде дотапен и надвор од Северна Америка, односно во Европа и Азија, каде што купувачите веќе можат да направат преднарачка на возилото. Поради неговата големина и маса, продажбата на Cybertruck на „прекуморските пазари“ би можела да претставува сериозен предизвик. На пример, во неколку европски земји мора да биде класифициран  како комерцијален камион или камион. Првиот човек на компанијата, Илон Маск, ги нагласува иновативните карактеристики на Cybertruck, тврдејќи дека овој електричен пикап не е ни сличен на возилата кои денес ги гледаме на улиците.

cyber2

Cybertruck имаше милион преднарачки во мај 2021 година, што значи дека резервациите речиси с еудвоиле во изминатите две години. Од Teslа ветуваат домет од 563 километри.

cyber3

Испрати коментар

Scroll To Top