Насловна / Вести / Над 100.000 граѓани на Виена практикуваат „car sharing“

Над 100.000 граѓани на Виена практикуваат „car sharing“

Kar sering Avstrija2

Според заедничката студија на Градот Виена и активните компании од областа на „car sharing“, денес над 100.000 жители на Виена ја користат можноста за т.н. „делење“ на превозот, што е десет пати повеќе споредено со 2010 година. Студијата ги потврдува позитивните ефекти на организираното делење на автомобилите, бидејќи едно carsharing-возило заменува пет приватни автомобили.

Kar Sering avstrija1

Во Виена денес има 1.300 автомобили кои се вклучени во оваа шема. Стручњаците процениле дека со овој концепт се намалува бројот на поминати километри годишно за дури 44 милиони, со што се придонесува за намалување на емисијата на стакленички гасови за 7.000 годишно. Освен подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, позитивно е и влијанието врз потребниот паркинг простор.

Kar Sering avstrija

Од градската управа посочуваат дека овој вид организиран приватен превоз не претставува конкуренција на јавниот превоз, туку негова дополна. Некои од понудувачите на оваа услуга се Zipcar, car2go и DriveNow, кои себеси се гледаат како алтернативно решение за мобилноста, а со крајна цел овозможување на едноставен, одговорен и одржлив урбан живот.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top