Насловна / Вести / Над 100.000 граѓани бараат право на здрава планета

Над 100.000 граѓани бараат право на здрава планета

Луѓето од целиот свет бараат од Обединетите Нации правото на чиста и здрава животна средина да биде универзално човеково право, и до сега за таа цел се собрани повеќе од 100.000 потписи. Оваа кампања ја поддржуваат граѓански организации од над 100 земји, и ќе трае до 2023 година, кога се очекува ова право да биде додадено во Универзалната декларација за човековите права.

Според Светската здравствена организација, 23% од глобалните смртни случаи се поврзани со оштетувањето и уништувањето на нашето природно опкружување, додека стотици милиони луѓе страдаат од болести поврзани со нездрава и неприродна животна средина. Климатските промени резултираат со почести и интензивни бури, суши, шумски пожари и пораст на нивото на морињата, што од друга страна ги загрозува животите на голем број луѓе. Во врска со потребата од прогласување на правото на здрава животна средина за човеково право, зборува и фактот дека актуелната пандемија на коронавирусот влече корени од загубата на природните живеалишта на одредени видови и илегалната трговија со диви животни. Ова ново човеково право може да помогне во обезбедувањето на т.н „зелено опоравување“ кое му е потребно на светот. Сите заинтересирани петицијата можат да ја пронајдат ОВДЕ.

planet1

planet2

Испрати коментар

Scroll To Top