Насловна / Вести / Нацрт Закон за градење

Нацрт Закон за градење

Министерството за транспорт и врски на 16 мај 2019 година по електронски пат до Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) достави верзија на нацрт Закон за градење (архивиран во КОАИ како Верзија 1) и Правилник за класификација на градбите. На 17 мај во КОАИ одржани се консултации со претседавачот на Собранието, доставени се материјалите до раководителите на професионалните одделенија, а на 20 мај одржана е вонреден состанок на УО на КОАИ со единствена точка на дневен ред, нацрт Законот за градење. Од 21 до 23 мај ќе се одржат состаноци на сите професионални одеделенија на КОАИ. Забелешките и предлозите од одделенијата треба најдоцна до 24 мај попладне да се достават до стручните служби на КОАИ. На 27 мај УО ќе одржи состанок на кој ќе се разгледуваат доставените предлози и забелешки и ќе се подготоват материјали (табели), а на 28 мај работна група формирана од УО ќе ги финализира предлозите и забелешките. На 29 мај материјалот ќе се достави до Министерството за транспорт и до Влада, Сектор регулативи.

Од наредните линкови може да ги превземете материјалите.

нацрт Закон за градење

Правилник за класификација на градби

 

Испрати коментар

Scroll To Top