Насловна / Архитектура / Националниот научен парк „Giant Panda“ во Кина

Националниот научен парк „Giant Panda“ во Кина

Националниот научен парк „Giant Panda“, кој (токму како што кажува и неговото име) е проектиран да импресионира прво со својата големина, а потоа и со својот уникатен архитектонски стил …

1

На површина од речиси 5.500 квадратни метри, овој популарен научно – образовен центар сместен е на единствениот пат до Bifengxia базата на кинескиот истражувачки центар. Ова не само што е важен транспортен јазол,  туку воедно е и прва станица за изградба на локален културен туризам.

7

2

Импресивната зграда, проект на China Southwest Architectural Design and Research Institute  е речиси нурната во тлото со цел да има што е можно помало влијание врз околината. Гледано од другата, прометната страна, објектот е всушност речиси потопен во густа бамбусова шума, така што само неговиот превртен лак ги потсетува луѓето на неговото постоење.

6

Мазната кривина на покривот се протега долж врвот на бамбусите водејќи ги посетителите до влезот, односно точката каде што зградата всушност се издига од земјата и за момент речиси лебди до највисоката точка за да во продолжение се врати на земја и да формира специјален Мобиусов прстен со три ливчиња. Надворешното обложување на фасадата користи вертикална метална завеса, црно – бел градиент во комбинација со заоблен волумен, а се со цел да имитира флексибилна панда, скапоцено суштество на кое му е потчинет целиот овој простор.

8

9

Локацијата, инаку, има одлични услови кога станува збор за сообраќај, но и кога е во прашање заштитата од бучава. Садењето бамбус се покажа како идеално решение, односно најдобра технологија за решавање на споменатите проблеми, а двослојниот ѕид на самата зграда во голема мера придонесе за создавање мирен простор скриен во срцето на градот Сечуан.

3

На овој начин, создадено е едно посебно доживување на просторот, односно искуство на бришење на границите кога станува збор за изложбен простор – посетителите можат непречено да прошетаат од внатрешна изложба во затворено до онаа на отворено, а сето тоа со помош на кружен брановиден кров. За разлика од конвенционалното затворено вештачко опкружување, овој проект настојува да донесе природна бамбусова шума, ладен ветер и сончева светлина во внатрешниот простор.

4

10

11

12

13 14 15 16

Испрати коментар

Scroll To Top