Насловна / Архитектура / Националниот голем театар во Пекинг

Националниот голем театар во Пекинг

Националниот голем театар во Пекинг од архитект Пол Андреу е величествен и џиновски проект кој ја надополнува целата инфраструктура. Зградата се наоѓа во срцето на Пекинг на авенијата Чанг Ан и на околу 500 метри од плоштадот Тиан Ан Мен и Забранетиот град. Станува збор за заоблен објект, со вкупна површина од 149.500 квадратни метри, кој излегува како остров во центарот на езерото. Титаниумската обвивка е во форма на супер елипсоид со максимален распон од 213 метри, минимален распон од 144 метри и висина од 46 метри.

1 (1)

Во текот на денот, светлината тече низ стаклениот кров на зградата. Во текот на ноќта, движењата внатре се гледаат однадвор. Во зградата се сместени три аудиториуми за изведба, оперска куќа со 2.416 седишта, концертна сала со 2.017 седишта и театар со 1.040 седишта  како и уметнички и изложбени простори отворени за широката публика.

1 (7)

Објектот е поврзан со брегот по пат на проѕирен подвозник долг 60 метри. Овој влез ја остава надворешноста на зградата недопрена, без никакви отвори и мистериозен изглед, притоа обезбедувајќи ѝ на јавноста премин од нивниот секојдневен свет во светот на операта, фикцијата и соништата.

1 (5)

Областите внатре кои се отворени за пошироката јавност имаат форма на урбана област со низа различни простори: улици, плоштади, трговски области, ресторани, простори за одмор и чекални. Операта е во центарот. Тоа е единствениот најважен елемент во проектот, според уметноста што се практикува таму. Концертната сала и театарот се наоѓаат од двете страни на операта. Оперската куќа е покриена со позлатена метална мрежа. Гледачите влегуваат во операта преку една од двете големи врати во позлатениот прстен ѕид. Кога ќе го преминат овој праг, тие навлегуваат во светот на вертикална циркулација што ги оддалечува уште повеќе од надворешниот свет и ги приближува до точката во времето и просторот кога ќе започне претставата.

1 (4)

Целиот проект може да се дефинира како игра на последователни премини, транспарентност и светлина. Националниот Голем театар во Пекинг е дел од структурата на градот како и нова област на спектакли и соништа отворена за сите.

1 (2)

1 (3)

1 (6)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top