Насловна / Архитектура / „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација

„Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација

Со цел одбележување на јубилеј – 70 години од изградбата на објектот на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ под авторство на Борис Чипан, како и презентација на конкурсните проекти од неодамна спроведениот интернационален архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“, АРХРИД ве поканува да присуствувате на настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација.

Датум: 22.3.2025 (сабота)

Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид

АГЕНДА:

17:45 – Влез

18:00 – Дискусија: 1955 г. : Архитектонското наследство како основа за современо проектирање

19:00 – Изложба

19:30 – Дискусија: 2025 г.: Што со модернистичкото наследство денес? Архитектонскиот конкурс како алатка

20:30 – Изложба

 Феријалното одморалиште во Охрид, Б. Чипан

„Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација

Со организацијата на настанот „Начинот на Чипан“ кој вклучува публикација, дискусија и изложба, влечејќи директна инспирација од работниот процес на Чипан (проучувајќи ја традицијата проектира современо), тимот на АРХРИД се става во истата позиција, но гледано од друга временска перспектива, каде модернистичкото архитектонско наследство е веќе составен дел на нашето минато кое треба да биде проучено, вреднувано и соодветно третирано од аспект на денешната современост. Освен одбележување на гореспоменатите јубилеи и паралелна промоција на конкурсните трудови од спроведениот интернационален архитектонски конкурс, крајната цел на настанот е афирмација на современото архитектонско творештво преку ретроспективно согледување на значењето на вредното проектантско и публицистичко творештво на Чипан како архитект и конзерватор.

*Настанот го организира АРХРИД колектив со финансиска поддршка од Општина Охрид и Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ, во партнерство со TerraViva.

Помагатели на настанот: Europe House, Knauf, MESH, Hotel Su

Текст: Симона Чингоска

Плакат: Стефан Жупан

 Феријалното одморалиште во Охрид денес, Б. Чипан

Испрати коментар

Scroll To Top