Насловна / Вести / Набљудувачки извештај за енергетика 2016 на земјите од Југоисточна Европа

Набљудувачки извештај за енергетика 2016 на земјите од Југоисточна Европа

Регионалните граѓански организации во рамките на проектот СЕЕ СЕП објавија нов извештај: Придонесот на СЕЕ СЕП кон Извештаите за напредокот на земјите од Југоисточна Европа на Европската Комисија за 2016: Набљудувачки извештај за енергетика 2016. strong-see

Извештајот се обидува да даде одговор на прашањето има ли надеж на Балканот да се трансформираат застарените, загадувачки енергетски системи и дали промената е бавна, и тоа со споредба на промените во енергетскиот сектор во периодот од 2010 и сега во седум земји од регионот.

Извештајот ја повикува ЕК да ја одрази зголемената загриженост на граѓанските организации за состојбата во енергетиката во регионот. И покрај тоа што се разбира е потребно да се признае напредокот таму каде што го има, по договорот во Париз време е Европската Комисија посериозно да занимава во своите извештаи за напредокот на земјите од регионот со емисиите на стакленички гасови, нерационалното трошење на енергијата и потенцијалното заглавување на инвестициите во лоши инфраструктурни проекти од енергетиката, како и севкупните трошоци од ваквите дејствија кои на крајот ќе бидат платени од страна на потрошувачите.

Линк до целосниот извештај на англиски:  http://www.analyticamk.org/images/Files/Contribution_of_SEE_SEP_programme_to_EU_Progress_Reports_2016_South_East_Europe_Energy_Watchdog_Report_2016_43077.pdf

Од извештајот заклучоците се дека Македонија и Србија се на второто место на земји зависни од јаглен по Косово, со 76% и 64,8% од нивната електрична енергија произведена од јаглен во 2014. За споредба, ЕУ генерирала 26,1% од електричната енергија од јаглен во 2013 година.

Од друга страна пак сончевата Македонија генерирала 14 GWh од сончеви панели во 2014 година, со што стана лидер во регионот, но сепак ова е занемарливо во споредба со потенцијалот кој го има.

Во апсолутна смисла производството на електрична енергија од јаглен во Македонија е намалено за 800 GWh од 2010 година, но во проценти е зголемено, што веројатно се должи на високите врнежи во 2010 година. Понатаму Македонија ги намали загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија од 20,22% во 2010 на 17,4% во 2014 година, додека пак ја намали својата енергетска интензивност за многу мал износ помеѓу 2010 и 2013 година од 0,4 на 0,37 toe/USD 1000, додека во ЕУ таа изнесува 0,11 toe/USD 1000.

Извештајот се обидува да го привлече вниманието на јавноста со фактот дека како што старата енергетската инфраструктура се повеќе се амортизира, регионот се соочува со избор: изградба на уште повеќе термоцентрали на јаглен и големи хидроелектрани или пак одлучувачки пресврт кон енергетски ефикасен енргетски сектор базиран врз основа на одржливи форми на обновливи извори на енергија, како што се соларната и ветерната?

Организации потписници:
СЕЕ Чејнџ Нет (БиХ), Аналитика (Македонија), АТРЦ (Косово), ЦЕКОР (Србија), ЦПИ (Босна и Херцеговина), ЦЗЗС (Босна и Херцеговина), Доор (Хрватска), ЕДЕН (Албанија), Еколевезија (Албанија), Еко свест (Македонија), Форум за слобода во образованието (Хрватска), Фрактал (Србија), Фронт 21/42 (Македонија), Грин хоум (Црна Гора), МАНС (Црна Гора), ВВФ Адриа, ЦИЕ Бенквоч Нетворк.

Испрати коментар

Scroll To Top