Насловна / Вести / На Златибор ќе се гради комплекс кој ќе опфаќа повеќе од 200 хектари

На Златибор ќе се гради комплекс кој ќе опфаќа повеќе од 200 хектари

Општината Чајетина има план со кој Златибор ќе достигне еден милион туристи и десет милиони ноќевања годишно.

Рибница, е областа околу истоименото езеро во подножјето на Торник, каде треба да никне „Златниот град“, луксузен комплекс кој ќе опфаќа повеќе од 200 хектари ќе биде наменет за спортски – рекреативен и здравствен туризам.

Zlatibor

На почетокот на оваа година, урбаниот центар на Златибор и врвот на Торник беа поврзани со гондола, најдолгата жичара од овој тип во светот. Чајетина вложи над 13 милиони евра во неа, верувајќи не само дека инвестицијата ќе се исплати повеќекратно, туку и дека тоа ќе биде воведот на новото поглавје во историјата на туризмот во Златибор.

На потегот околу езерото Рибница ќе биде лоциран „Златниот град“, кој ќе содржи спортски терени, една спортска сала, хотели од висока категорија и терен за голф. Туристичката економија на Златибор годишно е домаќин на околу 300-350 илјади посетители и реализира околу милион ноќевања. Според проекциите на жителите на Златибор, бројот на туристи, кога „Златниот град“ ќе оживее, ќе биде трипати поголем, со што бројот на ноќевања ќе се зголеми за десет пати.

Zlatibor5

Цел на „Златниот град“ ќе биде спорт, рекреација, здравствен туризам, но исто така тоа е идеална локација за производство на електрична енергија од соларни панели, бидејќи потегот околу езерото и конфигурацијата на теренот овозможуваат инсталација од овие колектори. Веќе се работи на решенија за изградба на „Златниот град“, а се очекува Мастер планот за развој на таа област околу средната станица во Рибница да биде оперативен и подготвен за имплементација за две години. Изградбата ќе се одвива во три фази, на површина од над 200 хектари.

За да се почне со реализација на оваа идеја, потребно е да се стави Рибничко Езеро за комерцијални цели, а тоа не е можно додека водата од него се користи за пиење. Затоа жителите на Чајетина напорно работат на изградба на нов систем за водоснабдување кој ќе биде извор на чиста вода во подножјето на Златибор.

Според податоците на локалната самоуправа, цената на парцелите во центарот на Златибор во последните десетина години е зголемена за ист број пати.

Испрати коментар

Scroll To Top