Активистите во неделата поставија нови дрвени табли со пораката „В џеб, ако нема каде друго“ и ги расчистија падините на скопско Водно од отпадоци.
Овој пат таблите беа поставувани на Средно Водно и на пешачките патеки кои водат до ова место.
Ова беше уште една акција во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго“, во која учествуваат млади од различна етничка припадност, во организација на Движењето ЛЕАД.
Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.