На повикан меѓународен конкурсза нов мост во Будимпешта, избрано е решението на реномираното архитектонско биро UNStudio од Холандија. UNStudio со своето решение на мостот преку Дунав кој ќе ги поврзува Будим и Пешта преку островот Чепел со своето решение ја збришаа конкуренцијата. Мостот е елегантен, бел, на кабли и ќе поттикне развитокот на запоставениот дел на градот.
Новиот мост ќе овиозможи одржлив транспорт во Будимпешта бидејќи истовремено комбинира патна, трамвајска, бициклистичка и першачка мрежа.
Замислено е мостот да претставува знак на гостопримство и добредојде, па затоа двата пилона имаат форма на раширени раце. „Неопходно беше да се осмисли мост кој ќе биде во хармонија со Будимпешта, но и идната визија за градот. Исто така беше важно мостот да овозможи слободен поглед, како под така и над сообраќајницата,“ изјави Ben van Berkel од UNStudiо.
Со распон од 220 метри, мостот се протега од едната до другата обала со должина од 500 метри. Двата триаголни пилона ќе бидат високи 93 метри, неговата највисока кота е 185.45 метри, а за да се обезбеди пловен пат под мостот на средина ќе биде висок 116 метри.
Новата мостовска врска со јужна Будимпешта ќе го поттикне развојот на оваа градска зона која некогаш била индустриска и замрела со текот на времето.