За време на чистење на таванот на својата куќа во Њу Џерси, еден Американец пронашол 12,2 милиони евра вредна слика од шпанскиот сликар Пабло Пикасо.
– Како дете често ја гледав оваа слика како виси на ѕидот во станот на мојата покојна тетка. По некое време ја изгубив од вид и ја немав видедно досега. Кога ја помрднав машината за шиење која се наоѓаше на таванот, сликата едноставно падна пред мене. Заплакав кога ја видов – изјави Сабатино за „Ен-би-си“.
Неговиот тетин Ники Верастро ја купил оваа слика за време на Втората светска војна. Како војник на американската војска, сликата ја купил од еден уличен продавач во Лондон за само 9 фунти.
– Бидејќи се работи за многу стара слика одлучив да ја однесам за проценка на вредноста во една аукциска куќа. Бев шокиран кога дознав колку вреди – изјави Сабатино.
Инаку, станува збор за сликата на Пикасо „Госпоѓа со шешир“ и се проценува дека вреди 12,2 милиони евра.