Насловна / Вести / На српските градежници им е неопходна Развојна банка

На српските градежници им е неопходна Развојна банка

gradezni raboti Srbija
Секретарот на здружението за градежништво при Стопанската комора на Србија Виктор Кобјерски, истакна дека е неопходно основање на Развојна банка или некој фонд за да може на градежниците да им се обезбедат гаранции за настап на домашниот и странскиот пазар.

Според него, најголем проблем на српските градежници денес е нивниот бонитет, заради кој во последните пет години ниту една помала градежна фирма не успеала да добие работи, туку работеле како подизведувачи, бидејќи на големите тендери работите главно ги добивале странски фирми, па сега имаат проблеми д а се борат на пазарот со конкурентски фирми од странство.

По повод актуелната обнова на земјата од поплавите, тој наведе дека градежниот сектор е мошне активен, и дека тоа ќе помогне во заживување на гранката, како и претстојните големи проекти, како што е масовната изградба на ефтини станови и „Белград на вода“. „Разговаравме со производителиоте на градежни материјали и тие се задоволни од тоа што домашните материјали ќе се користат, што ќе придонесе за пдодбрување на на состојбите“, додаде Кобјерски.

Сивата економиjа е се поприсутна во градежниот сектор, каде што според некои оценки на „црно“ работат повеќе од 50 проценти од градежните работници. Во Србија, според податоците на Комората, има околу 70.000 вработени градежници во 6.500 претпријатија. Во индустријата на градежни материјали има 15.000 вработени и уште околу 25.000 сезонски работници. Во странство се регистрирани околу 10.000 српски градежници.

Испрати коментар

Scroll To Top