Насловна / Вести / На регионите зависни од јаглен на Западен Балкан и Украина, неопходни им се наменски средства за праведна транзиција

На регионите зависни од јаглен на Западен Балкан и Украина, неопходни им се наменски средства за праведна транзиција

Иницијативата за регионите на јаглен во транзиција, на Западен Балкан и Украина, одржа годишен состанок во Брисел. Таа е дел од Европскиот зелен договор и слична е на механизмот кој се спроведува во склоп на Европската унија.  Идејата е дека транзицијата кон чисти извори на енергија не може да се смета за успешна, доколку не е правична кон компаниите и работниците, велат претставниците на Европската комисија и нејзините партнери од оваа иницијатива: Светска банка, Секретаријатот на Енергетската заедница, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, полскиот Национален фонд за заштита на животната средина и управување со води, како и Европскиот колеџ. Нивните активности се насочени кон размена на информации помеѓу регионите зависни од јаглен во ЕУ и оние на Западен Балкан и во Украина, во врска со најдобрите практики, а со цел постепено дa се запре со екплоатацијата нa јагленот и до средината на векот да се постигне јаглеродна неутралност.

Launch of the Platform Initiative in Support of Coal Regions in

initiative2

Преку ова аиницијатива, покрената во 2020 година, се спроведуваат програми за размена и студиски патувања. Во подготовка се работилници и вебинари за засегнатите страни во подрачјата кои треба да ја поминат праведната транзиција. Исто така, наскоро треба да биде формирана т.н академија на знаење, преку која ќе се реализираат различни курсеви на далечина. Граѓаните, компаниите, локалните власти и невладините организации се запознаваат со можностите за наоѓање на средства и имплементација на решенија базирани на обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност. Преквалификувањето на работниците од секторот за јаглен за други занимања и пренамена на земјиштето кое го користела оваа индустрија, за проекти од областа на соларна енергија и енергија до ветерот, се активности кои највеќе ја одредуваат патеката кон одржлива економија.

initiative3

 

Испрати коментар

Scroll To Top