Општина Кисела Вода објави оглас за продажба преку електронско јавно наддавање на градежна парцела за изградба на станбена зграда, со компатибилна класа за деловни и комерцијални намени
Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот „Шопен” и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри. Почетната цена на земјиштето е 4.300 денари за метар квадратен.
Пријавата за учество на електронското јавно наддавање треба да се достави најдоцна до 23 овој месец на интернет адресата www.gradeznozemjiste.mk, а наддавањето е планирано да се одржи на 27 март.