Насловна / Вести / На продажба 28 парцели за бензиски станици, винарии и лесна индустрија

На продажба 28 парцели за бензиски станици, винарии и лесна индустрија

28 parceli za prodazba

Министерството за транспорт и врски распиша неколку огласи за продажба на градежно неизградено земјиште во општините Орешани, Дебарца, Дојран, Ѓорче Петров и Градско.

Се продаваат 28 парцели и тоа  две  градежни парцели за изградба на бензински станици, четири парцели за изградба на винарии, седум парцели за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени и 15 градежни парцели за изградба на објекти за лесна незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта.

Почетната цена на јавното наддавање за сите градежни парцели е различна и се движи од 61 денар за квадратен метар до 250 денари за квадратен метар. Големината на парцелите се движи од 1776 m2 до 23764 m2.

Право на учество во јавното наддавање имаат домашни и странски физички и правни лица.

Физичките лица треба да бидат државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, или државјани на држави кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

Правните лица можат да бидат домашни и странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top