Дневникот Večernji list објави дека од неофицијални извори дознава за засилени подготовки за иницијална понуда на акции на државната енергетска компанија ХЕП (Хрватска електропривреда). Како што и претходно е најавено н продажба одат 25% од акциите, кои ќе бидат понудени на правни и физички лица, при што постои можност на вработените во компанијата да им с епонудат акции по повластени услови. Владата има намера дел од средствата од продажбата на акции да ги искористи за нови инвестиции во ХЕП, откако претходно се откажа од планот за финансирање на откуп на акции од ИНА.
Според претходно направените проценки оваа компанија вреди околу 20 милијарди куни, односно околу 2,8 милијарди евра.