Насловна / Вести / На продажба 10 парцели во новата индустриска зона во Неготино

На продажба 10 парцели во новата индустриска зона во Неготино

negotino
Новоформираната индустриска зона во Неготино може да почне да се гради. Во тек е оглас на кој се бараат инвеститори за 10 градежни парцели на кои ќе можат да се градат индустриски објекти и стоваришта.

Според објавата на Министерството за транспорт и врски, преку електронско јавно наддавање на продажба се нудат 10 локации државно градежно неизградено земјиште на 10-те локации со намена за објекти од лесна индустрија и стоваришта со површини од 4.300 до 18.315 квадратни метри, со процент на изграденост 70 проценти.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 28 овој месец на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Наддавањето за сите парцели ќе се одржи на 31 јули во девет часот.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица – државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија и домашни правни лица, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на ЕУ и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, се наведува во објавата на Министерството за транспорт и врски.

 

Испрати коментар

Scroll To Top