Насловна / Вести / На повидок нов европски гигант на челикот, берзите пред експлозија

На повидок нов европски гигант на челикот, берзите пред експлозија

Германскиот “Тисенкруп“ и индискиот „Тата Стил“ постигнале конечна спогодба за основање на заедничка европска компанија во секторот челик, со подеднакви сопственички удели. Договорот е постигнат по повеќе од девет месеци од потпишувањето на меморандумот за разбирање за новиот деловен потфат. Новата компанија, под името „Тисенкруп Tата стил Б.В“ ќе биде фокусирана на производство на висококвалитетен рамен челик. Спогодбата треба да добие согласност од регулаторите во неколку земји, вклучувајќи и „зелено светло“ од надлежните органи во Европската Унија.

Се очекува спојувањето на двата производители на челик да стапи на сила во 2019 година. Седиштето на новата компанија ќе биде во Амстердам, а Управниот и Надзорниот Одбор ќе имаат по шест членови, рамноправно поделени помеѓу претставниците од двете компании. Тисенкруп соопшти дека очекува затворање на околу 4.000 работни места во идната заедничка компанија заради намалување на трошоците, кои се проценети на околу 500 милиони евра годишно. Од германската челичарница не кажуваат никакви детали за временската рамка во која е предвидено намалувањето на работните места.

tk1

tk2

tk3

Испрати коментар

Scroll To Top