На периферијата на Москва, опкружена со борови дрвја стари со децении стари, изградена е куќа инспирирана од идејата за „шумско дувло на вечен ерген“.
Московската архитектонската фирма „Биро511“ блиско соработуваше со својот клиент на проектот наречен Рома куќа, кој сакаше да се засолни во шумата, далеку од градската гужва. Куќата од 210 квадратни метри замислена е, а потоа и реализирана, како безбедна и удобна тврдина направена од палета материјали која истовремено може да се окарактеризираат и како бруталистичка и топла. Меѓутоа, самиот процес на проектирање не поминал лесно.
За време на соработката со клиентот, тимот ја забележал неговата неодлучна природа, која се покажала во постојаното донесување нови одлуки, а потоа и враќањето кон старите: од идејата за мала шумска колиба, до бруталистичка конструкција со луксузен ентериер.
Архитектите од „Буро511“ велат дека процесот на проектирање и изградба бил комплициран и траел две години, но тие гордо посочуваат дека проектот целосно го рефлектира внатрешниот свет на сопственикот и велат: „Оваа куќа е токму она што е нејзиниот сопственик: двосмислена, контрастна, секогаш во рамнотежа на спротивни животни ставови и мислења “.
Во потрага по кохезивен јазик, тимот осмислил проект кој се карактеризира со луксузни парчиња мебел, комбинирани со топла завршна обработка на разни површини. Па така, дури и мијалниците во бањата се со завршна обработка во фурнир од орев. Овие топли елементи се комбинираат со масивни камени и бетонски површини, кои се претежно со суров изглед.
Во најголемиот кубус на објектот се дневната соба со кујна и трпезарија кои се со целосна висина на објектот. Во соседниот, малку понизок кубус, сместена е спалната соба, како и бањата која има прозорци со цела висина, кои на овој простор му овозможуваат интересен амбиент. Во рамки на објектот има и мал апартман за гости.
Во екстериорот во комбинација со стаклени површини користени се вертикални елегантни дрвени летви, кој прават објектот што е можно посуптилно да се вклопи во околината со елегантни борови.