Насловна / Вести / На островот Вис отворена најголемата соларана електрана во Хрватска

На островот Вис отворена најголемата соларана електрана во Хрватска

Еден од најодалечените острови во Јадранско море стана енергетски самоодржлив. Пуштена е во погон соларната електрана на HEP (Hrvatska Elektroprivreda), која со своите 3,5 MW, и батерија од 1MW е најголема во Хрватска. Системот на Вис се состои од 11.200 модули од по 340 Wp. Вреди 4,15 милиони евра, а изградена е пред рокот од страна на домашната компанија KONČAR. Има SCADA управувачки систем, а среднонапонската мрежа е долга 5,2 километри. За надзорот била задолжена компанијата Fractal од Сплит. Оваа електрана нема да има субвенционирана цена на електричната енергија која ќе ја произведува, а значително ќе го подигне нивото на самоодржливост на овој остров. Вис е поврзан со подморски енергетски кабел со Хвар. И локалната самоуправа учествувала во проектот. Системот за складирање на електрична енергија ќе биде посебно корисен, вон туристичката сезона. Посетеноста на островот драстично се разликува во периодите во и вон туристичката сезона,  а официјално има 3600 жители.  Соларната електрана Вис е сместена на површина од 5,7 хектари, на оддалеченост од 3,6 километри југозападно од градот Вис.

vis1

vis2

vis3

Испрати коментар

Scroll To Top