
Норвежаните купиле вкупно 11.114 нови автомобили минатиот месец. Од нив 10.480 биле електрични, а најпродаван модел бил Tesla Model Y. Така, регистрациите на електрични автомобили во Норвешка достигнале рекорден број во еден месец. Претходниот рекорд поставен е во јануари оваа година, кога 92% од сите регистрации биле за електрични возила. Одличната продажба на електрични возила во Норвешка воопшто не треба да биде изненадување. Освен извонредната инфраструктура во однос на бројот и распоредот на станици за полнење, оваа земја веќе од следната година ќе ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, цели 10 години пред земјите од ЕУ.