Поранешниот аеродром Berlin-Tegel, кој за време на Втората светска војна служел како воздушна врска со западен Берлин, а потоа и како привремен аеродром додека не проработе Brandenburg (BER), конечно ќе биде реконструиран.
Според амбициозниот мастер проект, на негово место ќе биде изграден нов станбен кварт Schumacher на 200 хектари уредена површина, како и истражувачки и индустриски парк за урбани технологии, наречен Berlin TXL – The Urban Tech Republic.
Покрај креирање простор за индустрија, бизнис и наука, паркот за иновации има за цел истражување и тестирање урбани технологии.
Паркот ќе се фокусира на главните теми за развојот на градовите, а тоа се ефикасно користење на енергијата, одржлива градба, еколошки прифатлива мобилност, рециклирање, умрежни системи за контрола, чиста вода и примена на нови материјали, пишува ArchDaily.
ГОЛЕМ ИТ ПАРК
Urban Tech Republic ќе биде дом за околу 1.000 мали и големи бизниси фокусирани на истражување, развој и производство, а проценетиот број на вработени во паркот е околу 20.000.
Планот опфаќа воспоставување предвидени простори за сите фази од развојот на компанијата, а планирано е и организирање на сместување за 2.500 студенти, кои ќе се „вселат“ во зградата на поранешната терминал.
ПОВЕЌЕ ОД 5.000 СТАНОВИ
Квартот Schumacher ќе содржи повеќе од 5.000 станбени единици, како и сите придружни потребни објекти во својата близина, како што се градинки, училишта и малопродажни објекти.
Предвидено е со овој мастер план да се работи и на тестирање на напредни решенија за обезбедување климатски неутрална енергија и да се понудат нови модели за мобилност.
Овие технологии ќе се истражуваат и развиваат во непосредна близина, во Urban Tech Republic. Исто така, планирана е и изградба на уште 4.000 домови во соседните области Cité Pasteur и TXL Nord.
Според презентираниот план, Urban Tech Republic ќе стане компактен кварт, кој ќе има кратки растојанија меѓу своите содржини и почист пат на јавен превоз, како и транспортни јазли со опции за споделување велосипед, автомобили и е-мобилност.
Берлин го довери Tegel Projekt GmbH на државно претпријатие, да го упраува и го развива Berlin TXL-om – Urban Tech Republic и квартот Schumacher. Првата фаза од проектот планирано е да биде завршена во 2027 година.