Неодамна е отворен нов хотел на Куба кој е дел од брендот Шератон, во сопственост на компанијата „Старвуд“, кој е првиот американски хотел на ова тло по револуцијата од 1959 година. Се работи за хотелот Cuba Four Points, отворен во луксузниот западен дел на Хавана и поседува 186 соби кои на клиентите можат да им бидат на располагање по цена од 222 долари за ноќевање.
„Ова е единствен и специјален момент, кога сте првата американска хотелска компанија на Куба после толку години“, изјави на свечената церемонија на отворањето Jorge Giannattasio, одговорен за хотелите на „Старвуд“ во Латинска Америка.
Starwood hotels е еден од водечките светски хотелски ланци, бидејќи поседува над 1.300 хотели во 100 земји на светот и управува со брендовите како Meridian, W, Westin и Sheraton.