Насловна / Вести / На конкурс за дизајн на мебел избрано решението на Марија Цветковска од Ресен

На конкурс за дизајн на мебел избрано решението на Марија Цветковска од Ресен

paratisima skopje1

На конкурсот за дизајн на мебел кој Интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ го распиша во соработка со компанијата за производство на мебел „Пункт“, избрано е предлог-решението на Марија Цветковска од Ресен.

Како што информира „Паратисима Скопје“, на конкурсот учествувале 21 автор и биле предложени 32 идејни решенија за дизајн на мебел. Иборот го направил раководниот и стручен тим на Пункт мебел.

Почесни признанија од Пункт мебел добиле дизајнерските решенија на Александра Павловска и Калина Несторовска од Скопје, Ана Малјановска од Скопје, Вања Маринковиќ од Босна и Херцеговина, Кортан Идризоглу од Словачка и Кирче Стојоски од Охрид.

– Целта на конкурсот беше да се поттикне учеството на дизајнерите со сопствен предлог за дизајн на мебел кој потоа ќе биде изведен во прототип, изложен за време на отворањето на „Паратисима Скопје“ и пласиран во продажните салони и (меѓународни) саемски учества на Пункт мебел. Ова партнерство стреми кон јакнење на соработката помеѓу креативниот и приватниот сектор и развивање и пласирање на нови дизајнерски решенија произведени на македонскиот пазар, информира „Паратисима Скопје“.

Третиот Интернационален саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ ќе биде отворен на 10 јуни и ќе трае до 12 јуни во Младинскиот културен центар. Конкурсот за дизајн на мебел во соработка со Пункт е една од содржините од годинашниот саем.

 

Испрати коментар

Scroll To Top