Насловна / Вести / На Камчатка првиот хотел во Русија изграден од мраз

На Камчатка првиот хотел во Русија изграден од мраз

Hotel iglo Kamcatka

Првиот хотел во Русија кој во целост е изграден од мраз, ќе биде отворен на 28-ми февруари на полуостровот Камчатка. Првите гости во овој игло-хотел се очекуваат веќе на 1-ви март. „Хотелот ќе биде во целост направен од снег, а се наоѓа на околу 70 km од градот Петропавловск. Во соопштението се наведува дека хотелот се состои од ескимски колиби кои можат да примат до осум луѓе, и се опремени со посебни системи за одржување на внатрешната температура од три степени. Хотелот е потполно еколошки објект во стилот на староседелците од овој полуостров.

Kamcatka

„Објектите во целост се надополнуваат со пределите и единствената природа на Камчатка. Кога ќе пристигне пролетта, сите хотелски објекти ќе се стопат“, вели шефот на проектот Виталиј Лазо. Тој додава дека хотелот ќе работи до средината на мај, а нов хотел со поинаков габарит и внатрешни карактеристики ќе се гради во 2017 година.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top