Насловна / Вести / На израелската министерка во инвалидска количка оневозможен влез на климатскиот самит

На израелската министерка во инвалидска количка оневозможен влез на климатскиот самит

Карин Елхарар, израелската министерка за енергија и водни ресурси, ги критикуваше организаторите на самитот за климата „Cop26“, бидејќи морала да се врати во хотелот откако чекала два часа за да влезе на самитот.

Министерката рече дека е нечуено тоа што организаторите одбиле да и излезат во пресрет и да и дозволат да присуствува на собирот со превозното сретство во кое дошла.

иззз_resize

Нејзината прес-служба соопшти дека и било понудено друго превозно средство за да ја префрли до зградата каде што се одржува самитот, но не можела да влезе во него со инвалидска количка, поради што била принудена да се врати во хотелот во Единбург.

„Единствениот начин да влезам, како што ми рекоа, е да пешачите еден километар до зградата или да се качам на нивниот шатл во кој не можеше да ја собере инвалидска количка“, рече израелската министерка.

„Дојдов овде да се сретнам со колеги од целиот свет и да помогнам во заедничката борба против климатските промени. Жално е што ОН, кои промовираат пристап и инклузија на луѓето со инвалидитет, во 2021 година не обезбедуваат пристап на своите собири на лица со инвалидитет“, истакна Елхарар.

.

Делегација на израелскиот премиер Нафтали Бенет поднесе жалба до организаторите, кои ветија дека на министерката утре ќе и биде дозволено да влезе во нејзиното превозно сретство.

Британскиот министер за заштита на животната средина, Џорџ Јустис, изјави дека длабоко жали за инцидентот и дека поради лошата комуникација организаторите не знаеле однапред за потребите на израелската министерка.

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Израел, Нил Виган и упати длабоко извинување на министерката и порача дека таква ситуација не смеело да се случи.

Првиот човек на Форин офис, Џејмс Клеверли, истакна дека е разочаран и лут што Карин Елхарар не присуствувала на самитот, како и дека разговарал со неа и се радува на утрешната средба.

Испрати коментар

Scroll To Top