Насловна / Дневни Вести / Се подготвува проектна документација за урбанизација на Пониква

Се подготвува проектна документација за урбанизација на Пониква

ponikva.jpgКочани – Со финансиски средства во висина од еден милион и 225 илјади денари што ги обезбеди УНДП ќе биде подготвена целокупната проектна документација за Спортско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини.

Вкупната вредност на проектната документација изнесува еден милион и 740 илјади денари, средства кои освен УНДП ќе ги обезбедат и општините Кочани и Пробиштип.


Според архитектот Марија Салтирова-Јованова, раководител на проектот од страна на општина Кочани ќе се урбанизираат три дела на Пониква, во локалитетот Арамиска чешма ќе се изградат две мали езерца  со два угостителски објекти, во локалитетот Пониква каде што е подготвен Деталниот урбанистички план ќе се градат викендички за домување. Третиот дел се однесува на асфалтирање на патот од паркинг просторот на Пониква до манастирот „Св.Василиј“ кој се наоѓа на територија на општина Пробиштип.


Салтирова-Јованова истакна дека проектната документација треба да биде готова до крајот на декември годинава. Реализацијата на проектите ќе почне веднаш, најавуваат од општините Кочани и Пробиштип.(МИА)       

Испрати коментар

Scroll To Top