Според информациите на онлајн порталот Luxurydaily.com, групацијата на хотели Four Seasons влегла во партнерство со инвестиционата банка Arqaam Capital која е специјализирана за пазарите во развој. Тие го оцениле Хвар како растечка туристичка дестинација и одлучиле далматинскиот брег да го збогатат со свој хотел.
Северно од Стари Град во Бризеница, објектот ќе има свој приватен залив, а планираните содржини вклучуваат повеќе базени, спа и фитнес центар, ресторани и бутици.
Со 120 соби и 60 резиденции овој хотел ќе биде поставен високо на скалата на најпосакуваните оази за годишен одмор.
Отворањето на хотелот е закажано за 2019 година.