Насловна / Вести / На големите светски градови им се заканува недостиг од вода

На големите светски градови им се заканува недостиг од вода

Јужноафриканскиот град Кејптаун би можел да стане првиот голем град во современата историја, кој се соочува со недостиг на вода за пиење, но ваква опасност исто така им се заканува и на други места на планетата, предупредуваат стручњаците. Недостигот од вода за пиење може да биде сериозен проблем и за жителите на Москва, Истанбул, Лондон, Токио, Мајами и Мексико Сити.

Ситуацијата во Кејптаун е само еден од екстремните примери на кој научниците предупредуваат веќе подолго време, наведува BBC.  Имено, во овој град, во изминатите три години имало минимална количина на врнежи, па околу 4 милиони жители се придржуват на строги правила со цел обезбедување доволно вода.

Истражувањето кое ги опфаќа 500-те најголеми градови на светот, спроведено во 2014 година, покажува дека еден од четири големи градови с енаоѓа во „стресна ситуација“ поради недостигот од вода. Проекциите на ОН, покажуваат дека глобалната побарувачка за свежа вода до 2030 година ќе ги надмине залихите за 40%, благодарение на комбинацијата на климатски промени, човековото делување и растот на популацијата.

cape town

 

Испрати коментар

Scroll To Top