На покана на Претседателката Ruth Schagemann на второто Годишно Собрание на Architects’ Council of Europe (ACE) за 2022 година, што се одржа во Брисел на 24 и 25 ноември, присуствуваа Претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, Кристинка Радевски и Раководителката на одделението на Архитекти Веселинка Герасимова-Петровска.
На настанот беше најавено пристапувањето Архитектите од Македонија во АСЕ – најголемото архитектонско семејство на Европа, во април идната 2023 година.