Познатата геотермална бања Blue Lagoon, која е најпосетувана локација на Исланд, наскоро ќе добие убав хотел.
Стотици илјади посетители годишно уживаат во топлата вода богата со минерали која е опкружена со полиња од стврдната лава.
Со цел да го развијат својот бизнис и да привлечат повеќе туристи, бањата Blue Lagoon планира изградба на хотел Moss со 62 соби, ресторан со истото име, како и нов дел на бањата наменет за релаксација.
Blue Lagoon е всушност вештачко езеро создадено од морска вода која се добива од блиската геотермална електрана. Високото ниво на минерали во водата овозможува да се рециклира водата, па таа се филтрира низ околните порозни вулкански карпи, пред да се врати во природниот циклус, пишува Inhabitat.
Сината боја, која е заштитен знак на лагуната, се добива од силициум диоксид, сумпор и другите минерали во водата, кои ја помагаат релаксацијата, но, исто така, лекуваат и кожни проблеми, како што се псоријаза и егзема. Магнет за туристите!
Во Moss ресторанот ќе се користат свежи, сезонски и локални состојки исклучиво за гостите да можат да уживаат во традиционалната исландска кујна.
Новиот дел на комплексот е во фаза на изградба и неговото отворање се очекува на есен.