Филипинската агенција за промоција на инвестициите (BOI), го означила проектот за изградба на најголемата соларна електрана на светот, со моќност од 3,5GW, со т.н „зелена лента“ и така му доделила стратешки статус. Компанијата Terra Solar Philippines (TSPI), прави хибриден систем – вклучува батерии за складирање со капацитет од 4,5 GWh.
Соларната електрана со батерии ќе се простира на површина од 3.500 хектари северно од Манила. Проектот е проценет на 3,2 милијарди долари, а инвеститорите најавиле дека ќе отворат 4.165 работни места. TSPI тврди сека овој проект е најголема комбинација од соларна електрана и погон за складирање на енергија на светот. Завршетокот на првата фаза е планирана за февруари 2026 година, додека втората би требало да биде готова следната година. Филипините имаат за цел до 2030 година, да инсталираат 15GW за призводство на „чиста“ енергија. Тоа е една од ретките земји во југоисточна Азија кои се посветени на транзицијата кон обновливи извори на енергија.