Моменталната енергетска криза би можела да биде една од најлошите и најдолгите во историјата, а особено Европа би можела да биде тешко погодена, сметa шефот на Меѓународната енергетска заедница (IEA), Фатих Бирол. Во интервју за германски Spiegel, тој рекол дека последиците од случувањата во Украина веројатно ќе ја направат актуелната енергетска криза полоша од нафтената криза во 70-тите години во минатиот век. „Тогаш проблемите се однесуваа само на нафтата. Денес имаме криза со нафтата, гасот и електричната енергија“, рекол Бирол.
Во склоп на санкциите кон Русија поради акциите во Украина, Европската унија воведе ограничувања на увозот на руските енергенти и најави постепено целосно укинување на тој увоз. Бирол предупредува дела европските земји кои значително зависат од рускиот гас, вклучувајќи ја тука и Германија, се соочуват со „тешка зима“, бидејќи најверојатно ќе мора да ја рационализираат потрошувачката на гас. Со цел да ги ублажи енергетските рзици, Европа сопоред Бирол би требало да обезбеди набавки на што поголеми количини гас преку Норвешка или Азербејџан, како и со помош на терминалите на ТПГ. Тој додава дека и електраните на јаглен ќе можат делумно да ги заменат електраните на природен гас. Бирол истакнува дека и летово ќе биде исклучително тешко и за Европа и за САД, поради ограничената понуда на пазарот на сурова нафта, предупреувајќи дека во шпицот на летните одмори побарувачката за гориво ќе се зголеми, што може да доведе до „тесни грла“ во снабдувањето со дизел, бензин или керозин, посебно во Европа.