Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Рома, Џејмс Палота, денеска најави дека новиот стадион на клубот, инспириран по прочуениот „Колосеум“ ќе почне да се гради до крајот на годината.
– Се надевам дека на есен ќе почнеме со градба на стадионот, – рече американскиот бизнисмен.
Кога Рома минатата година на градските челници им го претстави моделот на стадионот со капацитет од 52.500 седишта, планирано беше проектот да се заврши до почетокот на сезоната 2016/17. Палота изјави дека би сакал на новиот стадион да се играат и НФЛ натпревари.