Иако на електричните автомобили популарноста им расте од ден на ден, нивната вредност на пазарот на половни автомобили значително паѓа. До крајот на октомври, возилата нa електричен погон забележале најголем пад на цената, споредено со другите категории на возила. Така, по само три години, вредноста на електричниот автомобил се сведува на само 20% од неговата почетна цена.
За споредба, кај дизел возилата тој процент е 44,7 а кај бензиските 43,6%. Ова е сериозен удар за најзагрижените љубители на животната средина. За среќа, постои и добра вест, а тоа е дека хибридните автомобили се покажале исклучително отпорни на падот на цените. Toyota Prius и Honda Insight по три години постигнуваат во просек цена од 45,3% од почетната.
Извор: Tportal