Насловна / Вести / „На денешното мени- линдан“

„На денешното мени- линдан“

Еко-свест заедно со Macedonian Ecological Society ве покануваат на велосипедски марш низ Скопје под мотото „На денешното мени- линдан“ за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката Охис кој ќе се одржи денес, 24 април со почеток во 17:15 часот.
Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30 часот во 18 часот се пристигнува пред влезот на старата фабрика Охис, каде од 18-19 часот ќе се одржуваат креативни активности.
Настанот се одржува како продолжение на двете работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката Охис што се одржаа во изминатиот месец.
Поради подобра организација, доколку планирате да земете учество во велосипедскиот марш ве молиме вашето присуство да го најавите на [email protected]. Доколку планирате да дојдете само пред фабриката Охис не е потребно да се најавите.

eko

Испрати коментар

Scroll To Top