Насловна / Архитектура / На 13 ноември во 1970 година беше пуштен во употреба Музејот на современа уметност во Скопје

На 13 ноември во 1970 година беше пуштен во употреба Музејот на современа уметност во Скопје

На 13 ноември 1970 година зградата на Музејот на современата уметност свечено беше пуштена во употреба. Сместен на врвот од ридот Кале, во непосредна близина на средновековната тврдина, Музејот на современата уметност е опкружен со панорамата на Скопје и неговата поширока околина. Подигната во 1970 година, зградата на Музејот е извонреден пример на архитектурата на високиот модернизам и е споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година.

2

Локацијата на Музејот,  била избрана по сугестија на полскиот архитект и урбанист Адолф Циборовски, конечно е одбрана највисоката точка на брдото Кале во средиштето на скопската долина и во самиот центар на градот Скопје, а во непосредната близина на средновековната и османлиската тврдина. Изборот на локацијата е мотивиран од урбанистичкиот план за Калето кој е замислен да се уреди како комплексен парк-музеј, во кој Музејот на современата уметност ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје.

На 26 јули 1963 година, како последица на земјотресот, уништени се 75% од градбите во Скопје, град трет по големина во Југославија, стопански, политички, културен и научен центар. Под раководство на Обединетите нации, помош при обновата и отстранувањето на уништувањата дале 35 држави. Во рамките на поддршката, Полска понудила концепциски проект, како и целосна техничка документација на објект од јавен интерес. Бил избран Музејот на современата уметност, кој требало да ги собере збирките што биле подарени од други држави за уништениот град.

1 5

Клишевски, Мокшињски и Вјежбицки биле избрани како автори на проектот врз основа на конкурс организиран од Здружението на полските архитекти во мај 1966 година, победувајќи во конкуренција со дури 86 други тимови. Конкурсната задача била исклучително тешка не само поради трагичните околности. Објектот лоциран на карпестиот рид Кале требало да доминира над долината на реката Вардар и над центарот на градот станувајќи со тоа еден од најважните во Скопје. Ридот бил споредуван со грчкиот Акропол, а музејот со Партенон. Објектот требало да претставува централна точка во обновата рекламирана како пионерски и модерен модел на архитектура и урбанистика за терени опфатени со опасност од сеизмички катастрофи. Бил презентиран не само како симбол на полско-југословенската соработка и оптимистичка иднина, но, исто така, како споменик на техниката и на можностите на полската архитектура.

Истовремено, намерата била да ги задоволува најновите правци во музејската архитектура овозможувајќи реализација не само на изложби, туку и на предавања, поетски и музички рецитали, прикажување филмови и работилници. Неговиот изглед, кој е далеку од типичниот за музеите од поранешните периоди и од монументализмот, требало да ја отсликува модерноста.

 

“Tигрите во НУ Музеј на современа уметност во Скопје

Проектот на „Тигрите“ ја добил наклоноста на конкурсното жири благодарение на читливата и компактна структура со лапидарен визуелен израз. Тоа го добиле проектирајќи објект, кој е бела мермерна доминанта, поврзан со околниот простор на неагресивен начин, планиран така што да биде можно негово еластично користење. Гаражата што се слева со теренот и се отсекува од целината, претставува постамент за светлата конструкција на музејот. Белиот мермер е ставен во контраст со суров бетон, стакло и алуминиум. Совршено осветлениот ентериер од кој се гледал градот се ценело дека е совршена подлога за изложби. Современоста се манифестирала во применетата конструкција и во употребата на алуминиумски ролетни и на специјално стакло што ги распрснува сончевите зраци за горно странично дополнително осветлување на изложбените сали. Употребените материјали обезбедувале висок стандард на завршната обработка.

Поради толку големиот интерес во Полска за архитектурата од 60-тите и 70-тите години на минатиот век, природно е да се погледне во правец на Скопје, каде што на ридот покрај Вардар над градот доминира објектот на НУ Музеј на современата уметност, чии автори се Вацлав Клишевски, Јежи Мокшињски и Еугењуш Вјежбицки.

Проектот на тој објект што бил создаден во нивното студио ги исполнил тешките конкурсни услови определени од тогашните власти на Скопје и од стручните лица, а бил распишан од Здружението на полските архитекти (SARP) во 1966 година. „Тигрите“ создале модерен, функционален објект што се вклопува во околината и кој бил израз на тогашното модерно мислење за уметноста и за начините за нејзиното презентирање. И токму толку важна институција на културата била избрана да стане полски дар за градот уништен од земјотресот.

НУ Музеј на современата уметност во Скопје се дефинира како „проект на меѓународната солидарност“, а зборот „солидарност“ во Полска има исклучително значење. Денес Музејот поседува збирка од светската уметност од 60-тите години на 20 век од непроценлива вредност, вклучувајќи ја и полската уметност – над двесте дела од сто триесет и пет уметници, подарени на градот уништен од катаклизмата, како гест на солидарност.

 3 4

Испрати коментар

Scroll To Top