Насловна / Архитектура / На „Дани Ориса 24“ Кенго Кума и Карло Рати

На „Дани Ориса 24“ Кенго Кума и Карло Рати

„Дани Ориса“, меѓународен архитектонски фестивал организиран од „Орис Куќа на архитектурата“ од Хрватска, се одржува од 2001 година, а неговото дваесет и четврто издание ќе се одржи на 15 и 16 ноември годинава во Кнцертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

На „Дани Ориса 24“ ќе бидат изложени дела на архитекти, а во текот на двата интензивни фестивалски дена наизменично ќе се менуваат актуелни предавања, неформални собири и деловни средби.

Помеѓу реномираните предавачи, секако најзвучни имиња се Кенго Кума, влијателен јапонски архитект и добитник на овогодинешната награда ОРИС Кератерм за исклучителен творечки придонес во архитектурата, и Карло Рати, италијански архитект и инженер, куратор на Архитектонското биенале во Венеција 2025 годинa.

Кенго Кума

Роден во 1954 година, Кенго Кума е еден од најистакнатите меѓународно признати јапонски архитекти на денешницата, со канцеларии во Токио, Пекинг, Шангај и Париз. Во 1990 годија ја основал праксата Kengo Kuma & Associates, чии проекти се спроведуваат во повеќе од 40 земји. Во моментов е универзитетски професор и професор емеритус на Универзитетот во Токио.

Тој е меѓународен член на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) и почесен член на Американскиот институт на архитекти (AIA). Неговиот проект Chokkura Plaza and Shelter ја освои Меѓународната награда за архитектура за најдобар нов глобален проект во 2007 година. Во 2024 година, ја освојува наградата на Јапонската академија за уметности за проектот за Музеј на дизајн во Шкотска (V&A Dundee).

„Како историска идеја, архитектурата за повеќето архитекти има категорија – станбена, институционална, индустриска. Јас сакам да ги избришам тие категории. За мене архитектурата, независно од големината, е еден вид пејзаж“ – изјави Кенго Кума во интервјуто за 96. број на списанието Орис, чија изложба – претставување проектот Minamisanriku 311 Memorial – ќе биде отворена во „Орис Куќа на архитектурата“ во Загреб на 15 ноември во 19 часот.

Карло Рати

Архитект и инженер по професија, професорот Карло Рати предава на Massachusetts Institute of Technology (MIT), каде што раководи со Senseable City La и е партнер основач на меѓународната канцеларија за дизајн и иновации Carlo Ratti Associati. Дипломирал на Politecnico di Torino и École Nationale des Ponts et Chaussées во Париз, а подоцна магистрирал и докторирал на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија.

Рати е коавтор на повеќе од 500 публикации, како и носител на неколку технички патенти. Неговата работа е излагана ширум светот на места како што се Биеналето во Венеција, Музејот за дизајн во Барселона, Музејот на наука во Лондон, MAXXI во Рим и МоМА во Њујорк. Три негови проекти – Digital Water Pavilion, Copenhagen Wheel и Scribit – магазинот Time ги вклучи на листата на „Најдобри пронајдоци на годината“.

Тој во моментов работи како копретседател на Советот на за глобалната иднина на градовите и урбанизацијата и е куратор на претстојната 19-та Меѓународна изложба на архитектура на Биеналето во Венеција.

Останатите гости

Покрај Кума и Рати, гости од земји надвор од регионот се и професорот Роб Адамс, архитект и урбанист од Австралија, моментално вршител на должноста директор на праксата Adams Urban, додека архитектите Хозе Марија де Лапуерта, професор на неколку светски универзитети и основач на студиото DL+A Arquitectos, доаѓаат од и Карлос Мартинез де Алборноз, предавач и основач на праксата Tuñon y Albornoz Arquitectos.

На сцената на салата Ватрослав Лисински ќе бидати Огњен Крашна и Немања Зимоњиќ од студиото TEN, кое работи на релација Србија-Швајцарија.

Меѓу предавачите на Дани Ориса е и хрватскиот архитект Динко Перачиќ, основач и програмски водач на архитектонскиот колектив Платформа 9.81 и партнер во архитектонското биро ARP.

Основачите на љубљанското студио Elementarna – Амброж Бартол, Доминик Кошак, Миха Мунда, Рок Стаудахер и Матевж Залар – доаѓаат од Словенија на Дани Ориса 24, а од Босна и Херцеговина архитектката Ведина Бабахметовиќ, основач на наградуваното студио Зеница, Entasis.

Повеќе информации за фестивалот Дани Ориса 24 и за котизациите може да најдете на овој линк.

Испрати коментар

Scroll To Top