Индискиот океан на брегот на Маурициус исфрли 17 мртви делфини. Несреќата се случила еден месец откако се излеа нафтата од јапонски брод, што предизвика голема еколошка катастрофа во оваа област.
Министерството за риболов на Маурициус соопшти дека мртвите делфини имаат неколку рани и дека имало крв околу вилиците, но дека нема траги од нафта.
Оние што преживеале, кои биле околу десет, изгледале многу уморни и едвај можеле да пливаат, потврдуваат претставниците на Ројтерс.
Мртвите делфини за обдукција биле пренесени во „Албион“, истражувачки центар за риболов.
Портпарол на групата за животна средина „Еко-суд“ од Маурициус повика на јавна објава за резултатите од обдукцијата.
Таа исто така рече дека групата сака да присуствува на обдукцијата со цел подобро да разбере зошто делфините починале, но дека таа сè уште чека на одговорот на надлежните.
Јапонски брод М. В. Вакашио се насука во Маурициус на 25 јули, а излевањето на нафтата се случи околу една недела подоцна.
Поради ударите на брановите, танкерот се преполови, а нафтата продолжи да се излева во тиркизните води крај брегот на Маурициус.
Последиците од излевањето на нафтата сè уште не можат да се видат во целост, тврдат научниците, а оваа еколошка катастрофа може да влијае на Маурициус и неговата економија која е зависна од туризмот со децении.