Објавени се фотографии на облакодерите проектирани од локалното биро Selldorf Architects на локација која се реконструира, а била рафинеријата за шеќер Домино на брегот на Ист Ривер во Бруклин, Њујорк.
Сместени во комплексот Домино во квартот Вилијамсбург во Бруклин, кулите близначки наречени One Domino Square речиси ја достигнаа својата полна височина од 168 и 137 метри.
Облакодерите се издигнуваат од една база обложена со гранит. Додека гранитните столбови се издигнуваат од нивото на улицата, давајќи ѝ на базата посебен изглед и контраст со порцеланските плочки кои се прелеваат и кои ќе го обложат остатокот од фасадата.
Зградите ќе бидат првите завршени станбени облакодери на Selldorf Architects. Основачот на студиото Annabelle Selldorf за Dezeen вели дека нејзиното биро користело принципи од други нивни станбени проекти за кулите.
„Работиме според истите принципи на проектирање на зграда од осум ката или 20 или 50 ката“, вели Selldorf.
„Заинтересирани сме да проектираме згради кои се убави и удобни места за живеење, но кои исто така придонесуваат за урбаното ткиво и севкупниот квалитет на животот во градот“.
One Domino Square ќе содржи 65.032 квадратни метри корисен простор. Вклештен меѓу двете кули ќе има подигнат простор со надворешни содржини, вклучително и базен.
За справување со можноста од поплави, приземјето е подигнато и на локацијата нема подрумски простор.
„Минималните интервенции под нивото на приземје значително го намалува јаглеродниот отпечаток“, додава Selldorf: „Тоа ја намалува употребата на бетон и ископувања; ретко се случува објект на кула со ваква големина да нема подрум“.
Облакодерите се дел од мастерпланот на Domino Sugar Factory, комплекс од 11 хектари планиран од SHoP Architects и развиен од Two Trees Management.
Бирото за пејзажна архитектура James Corner Field Operations (JCFO) го проектирале Домино паркот покрај брегот на реката.
JCFO е во процес на проектирање на уште една надворешна област, плоштадот Домино, помеѓу кулите на Selldorf Architects и претстојната реконструкција на историската рафинерија за шеќер Домино од страна на Practice for Architecture and Urbanism (PAU).
„Домино паркот е прекрасно плодно тло за низа нови згради и една неверојатна стара зграда, Рафинеријата, која се чита речиси како ѓердан од шарм на хоризонтот“, вели Selldorf и додава: „Сите објекти стојат сами, како кули, но се собираат да го врамат паркот“.